Домашна нега: Како да закрепнат ноктите по маникир со гел-лак

Направи сама

Професионалците дадоа совети како да ги опоравите ноктите додека сте во вашиот дом.

Ова е вистинско време за лак со калциум кој ги храни ноктите. За посакуваниот ефект, нанесувајте го седум дена – слој по слој – и на осмиот ден отстранете го, па започнете од почеток.

За третирани нокти, односно оние на кои е користена турпија, производите „8 во 1“, „5 во 1“ и слични не треба да се користат.  Тие не се добри за нокти кои се оштетени поради гребење на површината. Дури можат да направат испакнатини на ноктите или да ги „изгорат”. Секако, тоа не мора да се случи, затоа што има луѓе чија плоча на ноктите е со висок квалитет, но треба да се има предвид дека имало и такви случаи.

Кога сами ги негувате ноктите, никогаш не израмнувајте ја нивната површина со турпија. Ако сакате само малку да ги обликувате, направете го тоа со многу нежна сунѓереста турпија затоа што таа не може да го отстрани заштитниот филм.

 

Прочитајте и: Ќе бидете воодушевени од новиот тренд на маникир: Нокти со капки вода (ФОТО)

 

Класични турпии за нокти користете исклучиво кога сакате да ти скратите ноктите. Не правете го тоа со ножички или грицкалка, бидејќи таа предизвикува пукање на ноктите. Под прав агол, со турпија што не е груба, доведете ги ноктите до саканата должина. Ако се прашувате која турпија е оптимална, изберете ја онаа чијашто гранулација е 240. Колку е помал бројот на гранули, турпијата е погруба и обратно.

Кутикулите можат да се исечат, но внимавајте да не претерате и да не направите рана. Кога ќе се направи рана, бактериите одат до коренот на ноктот и може да се појават сериозни инфекции. Бидејќи сега ќе бидеме дома, доволно е откако ќе ги измиеме рацете, а тоа е она што го правиме цело време, нежно да ја потиснеме кожичката.

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.