Домашен леб без квасец: Рецепт за најмекото и највоздушесто тесто!

Вкусно!

Од сега па натаму, постојано ќе го месите лебот по овој рецепт

Овој леб ќе биде многу вкусен и покрај тоа што нема квасец. Се прави многу едноставно и брзо. Тајната состојка што му дава мека и воздушеста текстура во овој случај е прашокот за печиво.

Состојки:

За ферментација

  • 280 мл ладно млеко
  • 200 г бело брашно

За преостанатото

  • 150 г брашно
  • 25 г прашок за печиво
  • 25 г путер
  • 1 лажичка сол
  • малку шеќер
Приготвување:

Измешајте млеко и брашно (280 мл ладно млеко, 200 г бело брашно), па покријте го садот и оставете го 30 минути.

Во друг сад, измешајте ги преостанатите состојки, брашното, прашокот за печиво, путерот, солта и шеќерот, па по 30 минути, додајте ги во садот каде што претходно сте ги измешале млекото и брашното. Измешајте го сето тоа убаво додека се соедини и тестото биде без грутки.

Загрејте ја рерната на 210 степени, а плехот премачкајте го со масло. За да се задржи влажност, а тестото да биде помеко, покријте го плехот пред печење со хартија за печење.

Печете го 30 минути, па потоа тргнете ја хартијата за печење и оставете го во рерна уште 10 минути.

Дали сте пробале моцарела-леб? Ова е рецептот за најбараната погача во светот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.