Бикини-зоната е новата Т-зона! Колку внимание ѝ посветувате?

Иако надминавме многу табуа, негата на интимната зона како и понатаму да е обвиена со велот на срамот.

Важно е да знаеме дека кожата на интимниот дел на телото се разликува од кожата на лицето, бидејќи содржи помалку лојни жлезди. И покрај тоа, редовен хигиенски режим, со повремена ексфолијација, како и со редовна хидратација, секако е корисен.

Употреба на обичниот сапун во хигиената на вагиналната регија не се препорачува, затоа што најважниот фактор за заштита и здравје е одржување на оптималната pH-вредност на овој дел. Затоа е потребно да користите наменско средство за хигиена (сапун, пена, лосион, гел) со pH-вредност што се вклопува во киселата pH од 3,8 до 4,5. Исто така, имајте ги на ум и потенцијално иритирачките состојки, како што се мирисите. Иритациите, црвенилото и јадежот во интимната зона во 90 % случаи се предизвикани со примена на несоодветни средства за хигиена.

ДЕПИЛАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

Ако планирате да ја избричите интимната зона, не прескокнувајте ја ексфолијацијата. Отстранувањето на слојот мртви клетки ќе спречи голем број непријатни појави – акни, хиперпигментации, враснати влакна – кои се најчести последици од бричењето. По пилингот, се препорачува хидратација, за која се користат средства на база на алое вера и пантенол, масло од камилица, бадем и ши-путер. Пред да се облечете, почекајте кожата да го впие маслото, но немојте да го користите пред одењето на тренинг.

Кога станува збор за облеката што ќе ја носите по ексфолијацијата и хидратацијата, најдобро е да избегнувате хеланки од синтетички материјал – бидејќи можат да ја засилат иритацијата. Генерално, тесни долни делови од кој било материјал предизвикуваат триење на кожата, а тоа може да доведе до воспалување на фоликулите во ципите. Ако дојде до иритација, измијте ја оваа област со средство со хидроген (само за надворешна употреба).

КОГА НЕ ОДИ СÈ СПОРЕД ПЛАНОТ…

Две најчести последици од отстранувањето на влакната од интимниот дел се хиперпигментација и враснување на влакненцата. На бричењето и на депилацијата со восок кожата реагира така што секоја фоликула создава меурче за да го заштити влакното, па ако сте склони на оваа појава и редовно се бричите, користете обичен брич (со еден или два жилета) за да го намалите ризикот од појава на иритација.

За бричење на бикини-зоната користете пена за бричење или масло, кои ќе ви овозможат подлабоко да го зафатите и отсечете влакното во фоликулата.

Доколку се депилирате со восок, неколку дена пред отстранувањето на влакната користете средство за нега со хидроген – за намалување на бројот на бактериите што предизвикуваат воспаление, а потоа втријте малку крем со низок процент кортикостероди – за намалување црвенило и иритации.

Ако враснувањето на влакната е ваш редовен проблем, депилирањето со восок не е добра опција за вас. Во тој случај се препорачува ласерско отстранување на влакната во козметички салон.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.