Трикови за беспрекорен изглед: Нашминкајте се за помалку од 5 минути и истакнете ја вашата природна убавина!

Бидете свежи секој ден

Потенцирајте ги јаболчиците и најубавите црти на вашето лице со само неколку потези

Од многуте трикови за убавина и шминка, денес ви откриваме како правилно да го контурирате лицето и да нанесете руменило.

Потенцирајте ги јаболчиците и најубавите црти на вашето лице со само неколку потези.

1. Пред да започнете со шминкање нанесете хидратантен крем за подобар ефект, а потоа наизменично користете две нијанси, потемна и средна нијанса на контури, за да ги потенцирате аглите на лицето.

2. Нанесете илуминатор под очите, на јаболчиците и во центарот на носот. Потемните тонови се резервирани за пределот под образите, слепоочниците и челото.

3. Финиширајте го изгледот со бронзер и течно руменило за да му дадете природен сјај на лицето.

Доколку не знаете какви контури и руменило да користите, дозволете ни да ја решиме вашата дилема.

Во светот на неограничените можности за шминкање, ги истакнуваме двата нови бисери на AURA – течните контури Radiant Contour и течните руменила Radiant Blush.

Три нијанси контури, инспирирани од нијансите на природата, ќе ви овозможуваат да го истакнете вашето лице за само неколку минути.

Нежните и светли руменила доаѓаат во четири нијанси, кои ќе внесат магична трансформација на вашето лице. Формулата на овие течни производи е толку лесна што „нема“ да ја почувствувате на кожата, а ќе ви обезбедат допир на модерна елеганција и софистицираност. Без разлика на сезоната, со овие производи можете да го истакнете вашето лице за секоја пригода со избирање на правилната нијанса, која ќе ѝ одговара на вашата кожа.

Бидете свежи секој ден!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.