Совети и трикови: Виткање на трепките

За воодушевувачки ефект

Дали и вие сте една од оние жени кои имаат виткач за трепки во својот несесер за козметика и чекате „прилика“ да го користите, затоа што се чини дека е премногу „комплицирано“ за секојдневна употреба? Ако е така, немојте да ја правите таа грешка и веднаш искористете ја оваа алатка, и еве како.

Кога ги прашувате жените без каков козметички производ не би можеле да преживеат, одговорот е најчесто – маскара!И ова не е чудно, зар не? Без разлика дали имате големи очи кои треба да бидат врамени со истакнати трепки, или имате мало око кое со маскарата ќе се „отвори“, овој дел од шминката е неизбежен, а доколку е потребно и единствениот дел од секојдневната шминка без кој не можете.

Сепак, маскарата има и свој „најдобар пријател“ што многу дами често го забораваат, иако сите се стремат да имаат долги, густи трепки, полни со волумен, баш онакви какви што знаеме дека можат да се постигнат за на реклама или на црвен тепих.

Затоа, денес решивме да ве потсетиме на нешто што повеќето жени сигурно го имаат во својот несесер со козметика, а со што можете да постигнете сличен впечаток како оној на кој му се восхитувате. Тоа е виткач за трепки, производ кој најчесто се користи за да собира прашина.

Но, исто како што желбата да имаме трепки како убавиците што ги гледаме секој ден на Интернет не е иста како вештината за поставување вештачки трепки на многумина од нас, ниту количината на пари што можеме да ја потрошиме за популарна надградба, не значи дека со добра маскара и виткање не можеме да постигнеме многу добар ефект. Треба само да се осмелите правилно да го користите.

Како правилно да се користи виткач за трепки?

Користете го виткачот нежно, без да ги влечете трепките за да не ги оштетите, потпирајќи го на коренот на горните трепки. Овој метод ќе ви ги отвори очите и откако ќе нанесете маскара многу лесно ќе создадете „ефект на ајлајнер“. Кога ќе го поставите виткачот на местото што го спомнавме, држете го за 3 до 5 секунди со мало движење кон веѓите. Потоа ставете го на средина на трепките и повторете ја постапката. Потоа нанесете маскара за најдобар ефект! Сигурно ќе ја забележите разликата.

Прочитајте и: Овие се сигурни знаци дека е крајно време да ја смените вашата шминка

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.