Вака вежба Џенифер Лопез: Погледнете го целиот тренинг на згодната дива што можете да го правите дома! (ВИДЕО)

Лесно до топ-форма

Овие вежби може да ги правите во својот дом

За совршениот изглед на Џенифер Лопез заслужни се добрата дисциплина, редовното одење во вежбалница и правилната исхрана. Таа ништо не и’ препушта на случајноста и вежба најмалку три пати неделно.

Иако наполни 50 години, тоа не може да се види од нејзиниот изглед. Нејзиното тело е сон на многу жени, а ние ви откриваме како изгледа еден нејзин тренинг.

Нема да ви треба никаква дополнителна опрема, а сите вежби можете да ги изведете дома, што е идеално со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Ќе го извајате своето тело и ќе го дочекате летото подготвени, но и ќе го зајакнете имунитетот и ќе ја подобрите издржливоста на целото тело.

Во видеото погледнете како вежба Џенифер Лопез…

Џенифер Лопез им испрати и порака на своите следбеници на Инстаграм за полесно да ја надмината кризата поврзана со коронавирусот: „Медитирајте, движете се и молете се!“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.