Во брак е со 5 жени, има 24 деца и сите живеат заедно: Секоја ноќ спие кај друга, а тие тврдат дека совршено се согласуваат

Модерна полигамија

Секоја ноќ Брејди спие кај друга жена, што значи дека секоја од нив спие со него секоја петта ноќ

Поранешниот црковен поглавар Брејди Вилијамс оженил дури пет жени и со нив добил 24 деца. Тие живеат во две куќи кои се наоѓаат една покрај друга, а на секоја жена ѝ има обезбедено мир и личен простор.

Ова големо семејство во една емисија ги отворило вратите на својот дом, за да можат заинтересираните да видат како изгледа неговата внатрешност. Жените му се викаат Ронда, Розмари, Поли, Нони и Робин.

За да нема несогласувања меѓу нив, тој секоја ноќ ја поминува покрај различна жена, па така со едната иста жена спие секоја петта ноќ. Доколку се случи на некоја од жените да ѝ е роденден, тогаш таа има право на посебна вечер со него. Во нивното семејство се вреднува развојот на слободниот ум, а сите заедно сакаат да се опуштаат со алкохол.

Нивниот начин на живот многу се разликува од другите полигамни семејства. Многу жени не би можеле ни да си замислат да живеат со повеќе други жени, но очигледно, на ова семејство тоа му одговара.

Никогаш ниту една жена не му се пожалила на својот сопруг, туку секогаш убаво се согласуваат и сите се во добри односи. Брејди во емисијата истакнал дека сите се сакаат меѓусебно, па затоа нивниот живот и заедницата не се комплицирани.

Погледнете го документарецот за нивниот необичен живот…

Љубовни дилеми: Дали моногамијата е за секого?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.