Роналдо објави емотивна фотографија со новородената ќерка: „Засекогаш љубов“

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо објави фотографија со новородената ќерка, а објавата за два часа има скоро 7 милиони лајкови.

Семејството на фудбалерот неодамна доживеа трагедија откако во текот на породувањето со близнаци Џорџина Родригез на свет донесе девојче, додека почина нивниот новороден син. И додека фудбалерот и најблиските закрепнуваат од тешката трагедија, се е полесно покрај девојчето кое за среќа преживеа.

Роналдо денес објави фотографија која за кратко време доби  7 милиони лајкови за два часа.

„Засекогаш љубов“, напиша во описот фудбалерот на Манчестер Јунајтед, додека новородената ќерка му е во рацете.

Роналдо по трагедијата го пропушти натпреварот против Ливерпул што се одигра 24 часа откако тој го доживеа најтешкиот момент во животот. Јунајтед му дозволи колку што сака време за враќање, но тој во игра се врати по само неколку дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.