Речиси сите токсични татковци им ги кажуваат овие реченици на своите деца: Тоа влијае врз нивното физичко и ментално здравје!

Добро е да се знае

Децата најчесто не можат да ги препознаат овие јасни знаци во раното детство, стануваат свесни за тоа дури кога ќе пораснат

Според психолозите, растењето со токсичен родител може да има негативни последици по психичкото и физичкото здравје на децата, а токсичниот татко, пред сè, е окупиран со самиот себе.

Тој се смета за посупериорен, подобар и поважен од сите други членови на своето семејство. Се обидува да ги контролира повеќето работи во семејството, па со самото тоа и своите деца.

Децата, најчесто, до полнолетството и потполното созревање, не можат да ги воочат овие јасни знаци кои укажуваат дека татко им има токсична природа. Постојат нешта што речиси секој токсичен татко ги изговара, а еве за кои реченици станува збор…

„Ќе биде јас како што ќе кажам“

Ова е една од оние реченици што јасно покажуваат дека токсичниот татко мисли дека сè што тој ќе каже е закон кој доследно мора да се почитува. Иако сосема разбирливо и пожелно е родителите да биде тие што ќе им постават одредени граници на своите деца, токсичниот татко секогаш ги става своите желби, потреби и барања во прв план. Психолозите објаснуваат дека таквиот татко секогаш инсистира работите да бидат по негово, а многу од нив едноставно се неприфатливи.

Исто така, тој најчесто им дава високи барања на своите деца и очекува моментално и прецизно да ги задоволат неговите потреби, без разлика дали тие потреби воопшто се јасно дефинирани. Очекува сите да му ги читаат мислите и да се однесуваат во согласност со тоа. Токсичниот татко ретко или речиси никогаш не мисли на другите и на нивните потреби и желби. Според него, тој е единствениот и главниот авторитет, а децата се тие што мораат да ги исполнат неговите очекувања или во спротивно да се соочат со неговиот гнев, казна или вербални напади.

„Види како се чувствувам сега поради тебе“

Покрај тоа што секогаш ги става своите потреби и желби на прво место, токсичниот татко е склон и на емотивни манипулации во кои често настојува да ги вовлече своите деца. Ако детето направи нешто што на татко му не му се допаѓа, тој ќе ја искористи секоја пригода за да му префрли вина на детето, без да помисли како тоа ќе влијае врз него и неговите чувства. Конкретно, емоционалните манипулации се исто така дел од емоционалното злоупотребување и можат да остават многу штетни последици на детето, предупредуваат психолозите.

„Зошто не можеш да бидеш како него/неа?“

Уште една лоша навика што ја имаат речиси сите токсични татковци е константното споредување на своето дете со други деца, без разлика дали тоа се негови врсници, браќа или соседи. Токсичниот татко секогаш ќе го обвинува своето дете за неговите недостатоци, дури и да не станува збор за вистински мани. Бројни психолошки истражувања покажуваат дека споредувањето на детето со други деца доведува до недостиг од самодоверба, зголемен ризик од депресија, но и други проблеми во меѓучовечките односи.

Како се однесува момче на кое му недостасува татково внимание? Ова се главните показатели!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.