Децата ги бањаат дури откако ќе почнат да смрдат, а сега отишле чекор подалеку: Славната двојка шокира многу родители со новата постапка

Што мислите вие за ова?

Мила Кунис открила дека Ештон Кучер ги подготвува нивните деца за маратон

Мила Кунис и Ештон Кучер ја шокираа јавноста кога своевремено признаа дека своите деца не ги бањаат редовно, односно дека го прават тоа кога ќе видат дека се многу валкани и кога ќе почнат да смрдат.

„Немав топла вода додека растев, па секако не се туширав многу“, рекла Кунис и додала дека ни нивните деца Вајат (7) и Димитри (5) не се деца кои редовно се бањаат.

„Не бев оној родител што го бања новороденчето, никогаш“, додала актерката.

Ештон на тоа рекол:

„Ако видам нечистотии на нив, ќе ги избањам. Во спротивно, нема поента.“

Малку е да се каже нивните хигиенски навики се соочиле со големи осуди, а сега се чини дека славната двојка отишла чекор подалеку и повторно ја шокирала јавноста.

Имено, само една недела откако актерот го завршил маратонот во Њујорк, веќе посакал да го прошири својот тим со двајца луѓе, поточно со децата. Актерот веќе ги тренира своите две деца, а според неговата сопруга, должината на овој маратон изнесува пет километри.

„Тие сакаат да трчаат маратон и денес почна да ги тренира нашите деца. Денес истрчаа половина милја. Многу е слатко“, рекла Мила.

Иако трите члена на нејзиното семејство се мотивирани да станат маратонци, Кунис напоменала дека не планира да го следи нивниот пример.

„Можам да излажам и да кажам ‘апсолутно’, но нема“, рекла.

Нивното признание сепак не добило одобрување од родителите.

„Тоа не е за деца, уште се мали.“, „Децата треба да се занимаваат со спорт, но ова е екстремно, пет километри“, „Едно е да си играат, ова е премногу“, пишувале на Интернет, а еден од коментар бил највпечатлив од сите:

„Дали ќе ги избањаат децата по трката или само ќе ги остават така?“, алудирајќи токму на тоа дека не се грижат премногу за хигиената на своите деца.

Да се потсетиме, славната двојка по признанието дека не ги бања децата редовно, шокира со признанието дека ја оставаат вратата отворена кога одат во тоалет додека се дома со нивните деца, што исто така предизвикало осуди од страна на јавноста.

Што мислите вие? Дали ова е нешто што родителите би требало да го практикуваат или, сепак, треба да постои некоја граница?

Мила Кунис и Ештон Качер донеле чудна одлука: Нивните деца поради ова можеби ќе ги мразат цел живот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.