Родено е бебе со комплетно седа коса: Лекарите не знаат како да го објаснат овој феномен!

Неговата фотографија го обиколи светот

Момчето што било родено во Унгарија со комплетно бела коса го добило прекарот „малиот принц“, а се вика Бенце

Бебе ги изненадило лекарите во Унгарија поради својата бела коса со кое се родило. Кога се родило момчето, докторите помислиле дека е албино, но излегло дека само неговата коса е без пигмент.

Седата коса прво му ја припишале на постнаталниот стрес, но доктор Золтан Кумер ја негирал и таа можност.

Доктори од целиот свет го дале своето мислење за овој случај, но сите се согласни дека неговата коса моментално нема пигмент, како и дека за неколку години ќе потемни и ќе добие боја.

https://twitter.com/ahJesssey/status/1406281342388690951?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1406281342388690951%7Ctwgr%5E45fa5f892cac6b06131b7cd67c9186244dad4d5a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fporodica%2F190199%2Fbeba-rodjena-sa-potpuno-sedom-kosom

Момчето родено во Унгарија било наречено „малиот принц“ поради својата необична коса, а се вика Бенце. Во моментот на раѓањето имало 5.400 грама и било долго 54 см, а ја добило највисоката можна оцена по прегледите.

Албинизмот сè уште е мистерија, но познато е дека може да се најде кај сите раси и етнички групи. Се карактеризира со делумен или целосен недостиг од пигментот меланин.

Во просек, косата станува седа кога личноста ќе наполни 32 години, но за да стане комплетно бело, треба да влезете во доцните 50-ти или 60-ти години од животот.

Според овој факт, бебињата со бела коса се вистинска реткост, па поради тоа не е ни чудно што малиот Бенце станал ѕвезда веднаш штом се родил.

Штотуку родено бебе во Бразил проодело и ги шокирало докторите: Видеото од новороденчето разнежни и насмеа милиони луѓе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.