ГЕСТОТ ШТО ГИ РАЗНЕЖНИ СИТЕ: Шарлот се измори во еден миг, па тато Вилијам ѝ помогна

Љубовта на таткото кон ќерката

Видеото на кое се гледа сета љубов на еден татко кон неговата ќерка, привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде што многумина го фалат трогателниот гест на Вилијам.

За децата на Кејт Милдтон и принцот Вилијам, централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, која беше организирана минатата недела, од втори до петти јуни, беше посебна, но и напорна манифестација.

На видеото кое е објавено на Твитер, гледаме дека принцезата Шарлот Елизабет Дијана во еден момент навистина се изморила. Нејзиниот татко, војводата од Кембриџ, не го пропушти тоа и веднаш ѝ дојде на помош. Ја погали ќерка си по косата и ѝ кажа нешто што ја смири.

Princ Vilijam sa ćerkom Šarlton na proslavi Platinastog jubileja foto: screeshot/BBC

Малата Шарлот заедно со нејзините браќа беше меѓу водечките ѕвезди на прославата. Нејзиниот постар брат Џорџ повторно ги освои симпатиите на јавноста, додека најмладиот Луис ја однесе победата во палавостите.

За овие пакости пишуваа и Кејт и Вилијам на инстаграм-профилот на Кенсингтонската палата, а исто како и во случајот со Шарлот и Вилијам, и малиот Луис мама успеа да го смири, утеши и охрабри.

Но за време на прославата се случи момент кога Шарлот го смири палавиот Луис учејќи го како да се однесува. Но и моментот кога таа го држи за рака додека се вози во кочија на роденденската парада во Лондон.

Фото и видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.