СОВРШЕНОСТ И СЈАЈ, НОВИТЕ ПУДРИ „PARURE GOLD SKIN“ – „GUERLAIN“

Формулирана со допир на 24 каратно злато, текстурата, компактноста и основата даваат скапоцен тен со совршен сјај, без да се компромитира трајноста и делува на подобрување на квалитетот на кожата за подмладувачки ефект.

Со Parure Gold Skin вашата кожа станува ваш најскапоцен накит.

Hега и убавина на кожа – овие две формули содржат исклучителна концентрација на состојки за нега на кожата, додека даваат 24часовна трајност и два различни финиши: неспоредлив сјај и мат финиш кој не се пресликувa, идеалната комбинација на шминка и нега на кожата за неспоредлив младешки сјај.

Со ултра сензорна текстура која се впива и ја обвиткува кожата како свилен чорап, формулa се 85% на база на нега на кожата, со секое аплицирање.

Во срцето на оваа формула создадена исклучиво со природно потекло се наоѓа скапоцената состојка која ги дава сите свои придобивки: бел божур, во секоја своја димензија од коренот до ливчето.

Екстрактот од ливчиња од бел божур делува на клучните фактори на младоста: зајакнување на бариерата на кожата, хидратација и удобност.

Целосно комплементарниот екстракт од корен од бел божур овозможува да се добие неверојатно изедначен тен и совршена текстура на кожата.

Потписната состојка во франшизата Parure Gold Skin, е допирот на чисто 24-каратно злато вградено во формулата, за кожа која е поубава и поблескава како времето одминува.

Со цел да ја заштити кожата од фото стареење, Guerlain го вклучи природниот минерален филтер, вистински невидливи штитови го заштитуаат епидермисот од UVA и UVB зраците.

Се појави нов ритуал на нанесување благодарение на четката кабуки создаден да го придружува лансирањето на нови пудри.

Со своите кратки влакна, совршено го комбинира измазнувањето со моќта на четката, беспрекорната завршница на сунѓер и моќта за масажа на алатка за нега на кожа.

Едноставно нанесете ја пудрата директно до четката, а потоа изблендирајте со мали кружни движења од центарот на лицето нанадвор за да ја нанесете текстурата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.