Жито Лукс натпревар во готвење – највисокиот сендвич од Теодора Ѓеорѓиевска

Подгответе се за поголемо уживање со новите  XL парчиња на највкусните Жито Лукс лебови!

Со пласирањето на новите XL пакувања на тост лебовите, Жито Лукс им овозможи на своите потрошувачи поголемо доживување при подготовка на богати сендвичи. Со новите пакувања на белиот и ‘ржаниот леб, потрошувачите ќе може да подготват уште побогати сендвичи за нив и нивните најблиски. Добро познатиот квалитет и вкус остануваат исти, но во поголема димензија.

Со цел да се истражат можностите на XL парчињата од белиот и ‘ржаниот леб и што може да се направи со нив, како повеќе може да се ужива во вкусот, Жито Лукс го организираше првиот натпревар во готвење. Учесници во натпреварот беа нашите познати готвачи, блогери и ентузијасти во готвење кои преку сопствените вештини во подготовка на сендвичи,се обидоа да ги поттикнат и инспирираат потрошувачите и самите да бидат креативни во правењето вкусен сендвичи по сопствен избор. Сендвичите се оценуваа во четири категории: вкус, брзина, височина и стабилност. Победник во категоријата височина е вкусниот и огромен сендвич на Теодора Ѓеорѓиевска кој достигна висина дури 12цм и 7мм. Во подготовката на највисокиот сендвич за ова натпреварување, Теодора го искористи XL белиот леб на парчиња, крем сирење во комбинација со кашкавал, шунка и кулен, а додаде и свеж магдонос, краставица, домат и марула.

Сите рецепти од натпреварот можете да ги дознаете на YouTube каналот на Жито Лукс како и на Facebook фан страницата на компанијата, а новите пакувања се веќе достапни на добро познатите локации низ државата. Подгответе се за поголемо уживање со новите  XL парчиња на највкусните Жито Лукс лебови!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.