Промоција на книгата „Незадоволна” од Ксенија Николова

Книгата ќе ја промовира Живко Грозданоски, извадоци од книгата ќе чита Зорица Панчиќ, музичка изведба Билјана Петровска-пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на промоција на книгата „Незадоволна”, во издание на издавачката куќа  КУЛТУРА од Ксенија Николова, на ден 28.05.2021г., почеток во 19:00, во паркот пред КИЦ – Скопје.

Ксенија Николова е родена на 02.08.1988 година во Скопје. Пишувањето било нејзина љубов уште од малечка, а првиот издаден  роман  и се случува на 20 годишна возраст. Оттогаш – издадени се нејзини 6 дела кои ги носат следните наслови: „Ова не се Ромео и Јулија”,  „Идиотски приказни “,  „Макар уште еднаш “,  „Емотивен манипулатор”,  „Сите мажи ја сакаат Лиа”  и  „Незадоволна “

Во своите дела на фикција, таа пишува за животот, за борбата со себеси, за љубовта, за предизвиците, за пороците и секојдневните предрасуди, за човекот кој се труди да го најде своето место под Сонцето.

Нејзината љубов кон пишувањето е вечна, а таа продолжува да чекори по патот наречен уметност и да ја создава со најголема искреност.

Наскоро, се надева дека нејзините романи ќе бидат преведени и на други јазици, и ќе можат да бидат прочитани од што повеќе луѓе ширум светот.

Нејзиниот најнов роман раскажува приказна за потрагата по внатрешниот мир и чувството на исполнетност на една жена, и го соочува читателот со прашањето – што значи да се биде среќна жена?

Книгата ќе ја промовира Живко Грозданоски, извадоци од книгата ќе чита Зорица Панчиќ, музичка изведба Билјана Петровска-пијано.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.