„Polleo Sport“ официјално ги отвори вратите на втората продавница во Skopje City Mall за љубителите на здравиот и спортски начин на живот

Во пресрет на претстојната летна сезона Polleo Sport ја отвори својата најголема продавница во главниот град. Скопје на тој начин доби ново место каде можат да се соберат сите љубители на спортот и здравиот начин на живот.

Здравјето и фитнесот се повеќе од начинот на кој што изгледате и храната што ја јадете.

Кога избирате здрав начин на живот влијаете врз начинот на кој се чувствувате, вашата психолошка состојба, и вашиот квалитет на живот. Правите избор што честопати ќе ги инспирира  вашите пријатели, семејство и деца да направат промена во сопствените животи.

Бидете личноста која чекори кон промени.

Како регионален лидер во индустријата за спортска исхрана и фитнес опрема, Polleo Sport расте и се подобрува од ден за ден, за да им го овозможи на своите клиенти најдоброто од палетата светски брендови.

Во продажните места на Polleo Sport, може да се најде најголем избор на спортска суплементација, био и здрава храна, фитнес опрема – сè на едно место, производи од најдобрите светски производители за суплементација и опрема како Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, QNT, My Protein, ME: First, BSN, Garmin, Fitbit, Atleticore, Equa, Reebok, DC Comics, Under Armour, ZOE, TRX… и уште многу други светски имиња.

„Среќни сме што низ годините имаме интерес и поддршка од толку многу луѓе и благодарни сме на сите кои дојдоа да го прослават отворањето на новата продавница со нас. Благодарни сме им на сите кои одлучија да нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот, бидејќи заедно како вистински тим можеме да се избориме против лошите навики. Се надеваме дека бројот на нашите пријатели ќе продолжи да расте и дека сите добро ќе се забавуваме додека ги поместуваме границите во борбата за поквалитетен живот.“ – велат од компанијата.

Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.