Ново од „Бимилк“ – благ и кремаст „Баланс+ кефир“, ист како домашен

Balans+ Kefir

Баланс+ кефирот содржи 2,8 млечна маст а е достапен во пакување од 950 и 500 грама.

Баланс+ кефир е новиот млечен производ од „Бимилк“, со истакнати придобивки по здравјето и квалитет, како да е дома подготвен.

Направен по традиционален рецепт, Баланс+ кефирот содржи пет млечни култури и кефирни култури, а има благ вкус и богато кремаста структура, што го прави освен корисен уште и пријатен за консумирање.

Како проширување на портфолиото функционални млечни производи богати со пробиотици, Баланс+ кефирот е дополнување на пазарот со производ што е корисен за секого а лесно достапен.

Кефирот е одамна познат пијалак со докажано благотворно дејство врз организмот и сè почесто е дел од секојдневните хранливи навики дури и кај младите генерации.

Баланс+ кефирот ги содржи сите корисни дејства што ги има и дома подготвениот кефир, има богат и кремаст вкус и е посебно пријатен за консумирање. Создавањето на Баланс+ кефирот е во насока на овозможување поголема и полесна достапност за секого на овој ферментиран млечен производ со бројни здравствени придобивки“, велат од „Бимилк“.

Кефирот претставува еден од најздравите млечни производи и е одличен извор на повеќе хранливи материи, висок процент пробиотици, лесно сварливи протеини, минерали и витамини од групата Б како и кефирните култури.

Од корисното влијание врз здравјето најчесто се поврзува со зајакнување на имунитетот, со работата на дигестивниот систем, антиинфламаторно дејство, зајакнување на коските и зголемување на нивната густина, регулирање на притисокот и намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.