Овие 3 млечни производи се најлоши за здравјето, а секојдневно ги јадеме: Ја уништуваат цревната флора и незабележливо дебелеат

Добро е да знаете

Некои млечни производи ги консумираме секојдневно, а овие 3 може да бидат многу опасни по нашето здравје

Млечните производи се богат извор на важни хранливи материи, како што се калциум и бактерии кои се многу корисни за правилната функција на дигестивниот систем. Сепак, одредени преработени производи од млеко немаат благотворно дејство на нашиот организам, туку многу се штетни.

Диетолозите составиле листа на ферментирани млечни производи кои можат да го нарушат нашето здравје и кои треба да ги исфрлите од секојдневната исхрана.

Млечни производи без масти

Иако повеќето ги консумираат бидејќи мислат дека се нискокалорични и здрави, млечните производи со ниска содржина на масти се сè само не тоа. Вистината е дека во составот на таквите јогурти се додава скроб за да се постигне потребната конзистенција, а кој е калоричен колку и јаглехидратите. Проблемот лежи во фактот што млекото без масти не го заситува телото, туку го зголемува апетитот и го покачува нивото на шеќер во крвта.

Масна павлака

Павлаката што содржи 25-30 отсто масти е еден од производите што најтешко се варат и ја нарушува функцијата на панкреасот и црниот дроб. Тоа сепак не значи дека треба целосно да се откажете од неа. За да одбегнете дигестивни проблеми и ризик од развој на гастроинтестинални заболувања, доволно е да одберете таква со помала содржина на маснотии, 10-15 отсто.

Јогурт со адитиви

Јогуртите со разни додатоци не се природно „млеко“, бидејќи содржат многу повеќе јаглехидрати од кој било друг ферментиран млечен производ. Поради неприродните адитиви и големата количина на шеќери, што ја нарушуваат апсорпцијата на калциум, тие повеќе спаѓаат во десерти одошто во млечни производи.

Експертите советуваат: Никогаш не избирајте млеко како напивка за разладување
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.