Неверојатен рецепт: Правела и пиела кефир цели 30 дена, а резултатите биле неверојатни!

Интересно искуство

Што побрзо сфатите дека храната што ја внесуваме во организмот е здравје, толку порано ќе почнете да водите сметка за тоа што и како јадете

Сигурно сте прочитале дека кефирот е здрав и дека благодарение на него, Тибеќанците живеат повеќе од 100 години. Но тој од продавница не е ни близу толку здрав како домашниот кефир.

Дали сте чуле за зрна од кефир или габи од кефир? Една жена се распрашала за нив и успеала да ги најде. Одлучила вечерата да ја замени со шолја од оваа напивка, а еве како ја правела:

Секоја вечер цедела кефир со пластична цедалка во која отстојувале зрната од кефир.

Потоа, ги измивала тие зрна под млаз ладна вода додека добро не се измијат од млекото и наслагите од засиреното млеко.

Кога зрната од кефир добро ќе се измијат, се ставаат во стаклена тегла, па потоа се прелеваат со слатко кравјо или козјо млеко, претходно стоплено на собна температура.

Така потопени зрната се покриваат со памучна крпа и се оставаат на некое темно место во домот во наредните 24 часа. По 24 часа, кефирот се процедува и се пие.

Многу е важно кефирот да не се става на сонце и во фрижидер, односно да не доаѓа во допир со метал. Мешајте го со пластична, дрвена или керамичка лажичка.

Оваа жена цел месец секојдневно пиела кефир. Појадокот и ручекот ѝ биле вообичаено, додека за вечера пиела една шолја 250 мл свежо цеден кефир.

По една недела почувствувала подобрување, односно забрзување на метаболизмот, дополнителна енергија и некој вид свежина по секоја голтка од оваа напивка.

Втората недела забележала дека панталоните ѝ се малку покомотни во струкот, а третата недела видела дека стомакот ѝ е значително намален. Вагата покажала 3 килограми помалку!

Со оглед на тоа што ништо не сменила во исхраната, освен што го додала кефирот, овие придобивки можат да му се препишат исклучиво нему!

Кефирот е одличен за здравјето – дознајте зошто
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.