Недостиг од витамин Д: Причина за многу здравствени нарушувања

Современиот начин на живот дополнително го зголемува ризикот за недостаток на витамин Д

Витаминот Д е особено важен витамин кој има силно влијание врз бројни витални функции на човековиот организам: го регулира метаболизмот на калциум и фосфати, ја поттикнува минерализацијата на коските и ја подобрува нивната отпорност. Затоа е од клучно значење за развојот и обновувањето на коските и забите, како и за подобра функција на имунолошкиот систем.

Витамин Д е единствениот витамин кој телото може само да го произведе бидејќи се создава во кожата под дејство на сончевите зраци. Присутен и во одредени намирници, како што се масната риба, некои млечни производи, но преку нив е тешко да се внесе потребното количество.

Умерениот недостаток на витамин Д може да резултира со појава на хроничен замор, мускулна слабост, депресија, кршливи коски, главоболка и дигестивни проблеми. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д може да предизвика и алергиски реакции, бидејки недостатокот на овој витамин го ослабнува имунитетот.

Недостатокот на витамин Д може да предизвика развој на многу болести, како што се болестите на срцето и крвните садови, дијабет тип 2, автоимуни заболувања, астма, ревматоиден артритис, мултиплекс склероза и карциноми.

Кај доенчињата и малите деца, недостатокот на витамин Д може да предизвика рахитис, болест на коските за која е карактеристично омекнување на коскеното ткиво.

Лицата постари од 65 години, бремените жени, луѓето со темен тен, пушачите и луѓето со прекумерна телесна тежина, се дел од ризичните групи кај кои е зголемена можноста за недостаток на витамин Д.

Современиот начин на живот дополнително го зголемува ризикот за недостаток на витамин Д. Реткото изложување на сонце и работата во затворени простории ја попречуваат синтезата на витамин Д во доволни количини во организмот.

За спречување на недостаток на витамин Д, доволно е да земате 1 таблета дневно на Витамин Д3 Крка, достапен во форма на таблети кои содржат 1000IE (25 µg/l) холекалциферол (витамин Д3).Има пријатен, неутрален вкус и не содржи конзерванси, бои, ароми и глутен.

Значајна предност на овој лек е високата стабилност, што е од особено значење бидејќи активната состојка е исклучително чувствителна на надворешни фактори како светлина, влага, кислород и висока температура.

Повеќе за производот може да прочитате на: www.vitamind3krka.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.