Научна литература во „Три“: „Основи на коскената трансплантација“

За првпат на едно место се опфатени сите материјали што можат да се користат во третманот на коскените дефекти

Во издание на Издавачкиот центар ТРИ од печат излезе нов учебник од областа на ортопедската хирургија, насловен „Основи на коскената трансплантација“. Оваа книга се базира врз долгогодишното клиничко искуство на специјалистите Ненад Атанасов, Јасминка Нанчева, Виктор Камнар и Милена Богојевска Доксевска, кои ја споделуваат својата експертиза во областа со цел да ја збогатат домашната продукција на научни дела, конкретно на медицината и општите принципи на коскената трансплантација. Овој медицински учебник е неопходно четиво за сите генерации лекари на специјализација и специјалисти и нуди едукација и усовршување на практичното знаење.

Книгата „Основи на коскената трансплантација“ отвора многу дилеми во поглед на потенцијалните решенија на проблемите со кои секојдневно се среќаваат лекарите во својата практика, но често нуди и практични одговори, кои се резултат на сублимираното знаење и повеќедецениското клиничко искуство на авторите. Книгата содржи модерен концепт на презентирање на текстот, со прегледно класифицирање на содржината, користење на богата научна литература и осврт на медико-легалните аспекти на коскената трансплантација и функционирање на коскената банка. Оттаму, со целата своја компетенција, може да послужи како учебник за едукација на студенти по медицина, специјализанти и специјалисти ортопеди, трауматолози и лекари од други специјалности.

За првпат на едно место се опфатени сите материјали што можат да се користат во третманот на коскените дефекти. Преку богата научна литература и прегледно класифицирање на модерен концепт, книгата ќе го зголеми квалитетот на специјалистот, со што станува значајна за сите пациенти, односно за животот во целост.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.