Дознај кој карактер ти прилега преку ликовите на „зимското“ Битолско чупе

4 дизајни – 4 карактери на Битолското чупе се кријат во новите зимски амбалажи на омилениот Битолски јогурт

РЕЗУЛТАТИ

Соберете ги поените за секое прашање според табелата:

Доколку имате:

Од 5 до 10 поени: Битолско чупе на прошетка на снег

 

Вие не сте преголем авантурист, но затоа уживате во домашна, опуштена атмосфера, сами или со најблиските. Дури и кога сте сами, сакате да се посветите на себе, да слушате добра музика, да изгледате некој филм, да си зготвите некое омилено јадење… „Life is easy“ е вашата девиза, а, пак, на снегот уживате во релаксирачка, романтична прошетка или, пак, со топло млекце во домашна атмосфера.

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па, и тоа ужива во мирна прошетка на снегот многу повеќе отколку да се впушта во екстремни спортови или луди авантури.

Од 10 до 15 поени: Битолско чупе со Снешко Белчо

Вие живеете во времето кога растевте на улица со детските игри и го користите секој момент за да се вратите во времето. Уживате во сите детски игри, па дури и тоа да е правење Снешко Белчо на снегот. Безгрижни сте во речиси секој момент, па понекогаш ви се случува дури и да ги занемарите обврските и да дејствувате непромислено. Но, не грижете се! Детето во вас секако треба да продолжи да живее!

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па зар не е очигледно? Тоа ужива во својот голем Снешко, исто како што би уживале и вие!

Од 15 до 20 поени: Битолско чупе со скии

Вие сте спортски тип, активни сте во текот на денот, но и многу темелни и правите промислени одлуки. Рационално размислувате, не избрзувате со одлуките и со потезите, и секогаш одите на сигурна, проверена варијанта. Ги сакатеавантурите, независно дали се зимски, летни или секојдневни, но едно е сигурно: не би се впуштиле во авантура без претходно да ги согледате сите можности и сите ризици. И тоа е во ред!

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Па тоа е на скии, а тие се добро проверена опција за зимски спорт. Без премногу егзибиции и екстремности, исто како вас!

Од 20 до 30 поени: Битолско чупе со сноуборд

Едноставно, ги обожавате авантурите! Не може да помине ден а да не направите нешто несекојдневно, или, пак, да спортувате, да се дружите, да се движите. Ве возбудуваат патувања и големи авантури, и секогаш сакате да научите нешто ново. Понекогаш одлуките ги донесувате дури и импулсивно, нема потреба од многу размислување, сè додека авантурата и забавата се во преден план.

А, зошто сте токму ова Битолско чупе? Токму поради сноубордот! Како спорт, тој се смета за екстремен, а вие сте вљубеник во екстремните спортови и во возбудата!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.