Cherry Orchard Wedding&Event Management: Уникатнa и модерна локација за организација на најдобрите свадбени забави, настани и случувања

Свадба под отворено ѕвездено небо, место опкружено со неверојaтна природа и зеленило, раскошни дрвја и мирис кој релаксира. На само неколку минути од центарот на Скопје, надвор од градската врева, Cherry Orchard e место кое нуди единствена сценографија за организација на вашиот најубав ден на отворено сo Outdoor Wedding Concept.

Модерен концепт на организација на свадбени прослави и настани, во склад со најновите светски трендови. Идеално место за вашата свадба, забави, коктел прослави, родендени, корпоративни настани, тим билдинзи и дружења се само дел од случувањата кои може да ги креирате во Cherry Orchard.

Во зелена градина на простор од 2000м2, со свадбен и ресторански дел, за дневни и вечерни настани, ова место нуди уникатен дизајн со софистициран стил и креативност за секоја приказна која се создава.

Во склоп на Cherry Orchard е и познатиот коњички клуб Стара Круша, кој претставува уште еден значаен сегмент во целата приказна на ова магично место. Создадено за сите авантуристи и обожаватели на природата и концептот на отворено небо, Cherry Orchard нуди единствено искуство кое вреди да се доживее и остане запаметено за цел живот како најубав спомен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.