„Имам 16 милиони, а џебовите ми се празни“, одлично призна Босанец, па ги раскажа сите детали каде му летнал кешот (фото / видео)

Се осврна и на минатото

Го расипа квалитетот на добрите хитови…

За проблемите со кои се соочуваат денешните автори зборуваше Драган Стојковиќ, Босанец, хармоникаш и член на жирито на Ѕвездите на Гранд.

Во разговорот музичарот се осврна и на минатото, па потенцира дека клубовите и урбаната музика која се создава со помош на компјутерски програми, а не од изведувачи на инструменти и пејачи го расипа квалитетот на добрите хитови.

„Немаме ни издавач, таа или тој треба да плати за се. А најдобриот звук доаѓа од музичарите, а не од програмирањето. Денешните снимки кога ги слушаш, сфаќаш дека нема динамика, нема концепт. Американците го прават тоа поинаку, прво прават демо снимки, па ја слушаат песната, па гласот го снимаат во Лос Анџелес, па басот во Чикаго, виолините свират во Њујорк, па склопуваат се и така се добива квалитетот, а не како кај нас…“, рече тој.

Босанецот подвлече дека уште еден голем проблем за музичарите и авторите настанал во моментот кога музиката преминала на социјалните мрежи, па денес пејачите сè помалку снимаат албуми.

„Во 1980-тите, луѓето заработуваа, но се плаќаше данок на вкупниот приход и сето тоа беше добро. Денеска имам 16 милиони прегледи на едно од моите видеа, но џебовите ми се празни“, изјави Драган.

Фото: Инстагам

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.