Наполнете се со енергија и доживејте поразлично искуство во врвниот Hotel Scardus

Локацијата е токму она што ви треба доколку сакате да одберете вистинско уживање за вас и вашите најблиски

Сместен во еден од најубавите зимско-рекреативни центри во Р.С Македонија, во близина на градот Тетово ,,Hotel Scardus“ Ве очекува и Ви посакува топло добредојде.

 

Хотелот располага со голем број на удобности како што се: ресторан, бар, 24-часовна услуга, затворен базен, спа центар и заеднички салон.

Модерен по својот надворешен изглед и ентериер, хотелот се надополнува со убавината на Попова Шапка и на Шар Планина. Собите се специјално дизајнирани за максимално уживање и комфор на посетителите. Погледот кој го овозможува терасата и балконите од собите е незаменлив како во лето така и во зима.

Храната е зготвена по врвни стандарди и изобилува со најразлични вкусови.

Освен што хотелот нуди повеќе активности и занимливости како што е и играњето билјард, областа околку хотелот е популарна за пешачење или скијање. Локацијата е токму она што ви треба доколку сакате да одберете вистинско уживање за вас и вашите најблиски.

Гостите секогаш се пријатно изненадени и среќни и наполнети со нова енергија и едно поразлично искуство. Ве очекуваме!

Тел. за резервации: 076/259-806
Facebook: Hotel SCARDUS
Instagram: @scardushotel

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.