Викторија Лоба: Нова спортска и шик лајфстајл линија на пејачката и Her Line – Blooming Monochrome

Ѕирнете во неа!

За сезона пролет/лето ’23

Македонскиот бренд Her Line и пејачката Викторија Лоба како бренд-амбасадор и сега првпат во улога на креативен дизајнер ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето ’23 Blooming Monochrome – лајфстајл линија за жени и девојки.


Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата Blooming Monochrome, и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго-џебови и миди-здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.

Во моето секојдневие навистина ми беше потребна облека која ќе биде удобна, квалитетна и која одлично ќе се прилагоди на фигурата и воедно ќе изгледа стилски со што би можела да ја носам во повеќе прилики. Сакам сите девојки кои ја носат оваа облека да се чувствуваат удобно и со стил во исто време, за тоа навистина се погриживме да одбереме високо квалитетни материјали и го усовршивме кројот.

Затоа ве поканувам во нашата онлајн продавница да си разгледате и да си шопингувате: https://herline.mk/c/83/herline-x-victoria-loba  вели Лоба.


Blooming Monochrome е lifestyle облека која комбинира стил на минимализам и лежерен спортски шик кој можете да го носите секојдневно, како на прошетка со пријателките така и на кафе, ручек, патувања, секојдневни дружења. 

Една од главните цели на колекцијата Blooming Monochrome е да им обезбеди на жените висококвалитетна облека која не само што е модерна, туку и функционална.

Затоа Her Line се фокусираше на користење природни материјали со врвен квалитет, дизајнирани на стилски и практичен начин.

Her line е македонски бренд кој постои веќе 3 години и кој продолжува да внесува свежина на македонскиот пазар. Карактеристични за овој бренд се костимите за капење како и athleisure парчињата облека што е воедно и светски тренд – хибриден спој на спортска и секојдневна формална облека соодветна за сите пригоди.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.