Рецепт за омилениот колач во стара Југославија: Вкусот е фантастичен, а многу лесно се приготвува!

Задолжително пробајте!

Падобранците се старински колач што ќе ве врати во детството, а ние ви откриваме едноставен рецепт

Падобранците се старински колач што многу често си го наоѓал своето место на трпезите ширум поранешна Југославија. Овој едноставен рецепт гарантира дека ќе ви успеат од прва!

Состојки:

За бисквитот:

  • 3 белки
  • 300 г шеќер
  • 300 г мелени ореви
  • сок од лимон

За филот:

  • 3 жолчки
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 125 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Цврсто изматете ги белките со шеќерот, а кога ќе почне да се формира снег, додајте две лажици лимонов сок, па матете уште малку за да добиете цврст снег. На крајот, внимателно додајте ги мелените ореви и рачно измешајте. Со лажиче или со помош на шприц, формирајте помали топчиња и редете ги на подмачкан плех или хартија за печење. Обидете се бидат што помали и оставете поголемо растојание меѓу нив, бидејќи ќе нараснат во текот на печењето. Печете ги во рерна на 150 степени околу половина час. Внимавајте пуслиците да ви останат што побели.

Додека чекате пуслиците да се исушат, пригответе го филот. Во чинија добро изматете ги жолчките со шеќер во прав, па додајте омекнат путер и чоколадо што сте го стопиле на пареа.

Оладените пуслици испрскајте ги со стопено чоколадо, па на секоја од нив нанесете фил и спојувајте ги по две, како ванилици. Оставете ги падобранците да отстојат малку за да омекнат и потоа послужете ги.

Вкусен десерт за сечиј вкус: Мини-падобранци со кикиритки
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.