Вкусен десерт за сечиј вкус: Мини-падобранци со кикиритки

Пробајте!

Наместо бело чоколадо, за приготвување на глазурата можете да употребите црно чоколадо по желба

Состојки:
  • 3 белки
  • 150 г шеќер
  • 200 г мелени кикиритки
  • 50 г мелен кекс
  • 1 лажица сок од лимон

За глазурата:

  • 100 г бело чоколадо
  • 2 лажици масло

Приготвување:

1. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Се додава сокот од лимон. Со лажица внимателно се додаваат мелените кикиритки и мелениот кекс. Смесата се става во вреќичка за декорирање со помал ѕвездест додаток.

2. Плехот се обложува со хартија за печење, па во него се истиснува смесата, обликувајќи помали облици, со размер околу 1 см.

3. Се печат на 120°Ц, околу 20 минути, додека поруменат малку. Готовите падобранци се оставаат во плехот на собна температура да се оладат.

4. За приготвување на глазурата,чоколадото се топи на пареа со масло. Рамниот дел на едно колаче се натопува во чоколадото, па се спојува со рамниот дел на друго колаче. На истиот начин се полнат и спојуваат преостанатите падобранци.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.