Откриваме: Ова е бојата на 2022 година!
Very Peri е бојата која ќе ја одбележи 2022 година
Оваа вибрантна нијанса ќе нè инспирира да бидеме љубопитни и креативни додека ги прифаќаме новите можности кои ни ги нуди светот по излегувањето од интензивниот период на изолација.
„Very Peri е динамична сина нијанса со живописно виолетово-црвен подтон, кој ја спојува верноста и постојаноста на сината боја со енергијата и возбудата на црвената. Новата Pantone боја, чие динамично присуство поттикнува лична инвентивност и креативност, е најсреќната и најтоплата од сите сини нијанси.