Тоалетите што воодушевија на годинешните награди „Греми“ (ФОТО)
Вечер на гламур и музика
Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа 61. церемонија на доделувањето на престижните музички награди „греми“.
Познатата ар-ен-би пејачка Алиша Киз беше домаќинка на церемонијата, а меѓу присустните на настанот ги видовме Карди Би, Кејси Масгрејвс, Џенел Моне, Хер и Бредли Карлајл, Кендрик Ламар, Дрејк, Џенифер Лопез, Џејда Пинкет Смит, Мишел Обама, Поуст Малоун, Ашанти, Меган Трејнор, Мајли Сајрус, Дуа Липа, Биби Реха, Камила Кабелјо и многу други, додека, пак, од светот на филмот и модата можевме да ги забележиме Хајди Клум, Нина Добрев, Ешли Симпсон, Кајли Џенер и голем број други звучни имиња.
Во продолжение ви ги претставуваме тоалетите што предизвикаа најголемо внимание на црвениот килим, а вие изберете го вашиот фаворит!