Селма Хаек повторно е најлошо облечената дама на црвениот килим: Зошто ли се појавила во вакво издание?!

Модна утка

Модерната жена никогаш не би излегла од дома вака облечена

Поради лошиот стајлинг, веќе некое време е на удар на критики, како од страна на модните експерти така и од страна на нејзините обожаватели.

Селма Хаек (55) и овој пат предизвикала бурни реакции со изборот на стајлинг. Имено, таа на 75-тото доделување на наградите БАФТА се појавила во виолетов фустан од плиш, со длабок шлиц. Како тоа да не било доволно, целата креација била дополнета со детали од црна тантела.

Актерката одбрала дискретен накит и црни салонки. Косата ја врзала во елегантна пунџа и тоа е единствената светла точка овој пат, едногласно се согласиле критичарите.

„Овој модел на обувки, како и фустанот, беа во тренд пред 15 години, денес никако не можат да пројдат“, „Зошто не консултира некој стилист пред да се појави на црвениот килим?“, „Ова е многу лошо, мислам дека се надмина себеси овој пат“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Од друга страна, имало и такви на кои им се допаднало ова издание на актерката.

„Ова е нејзин стил, на кој со години му е верна. Жената изгледа одлично и може да облече што сака“, можело да се прочита помеѓу другото.

Како ви се допаѓа стајлингот на Селма Хаек?

Сирена: Што мислите за ова издание на Леди Гага? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.