„Најгрдите“ патики се враќаат во мода: Дали би ги носеле?

Да ве чуеме!

Многумина се каат што ги облекле некогаш, но изгледа дека тие повторно се враќаат во мода

Патиките на платформа се едни од најомразените трендови на обувки за кои се предвидува дека повторно ќе станат хит на модната сцена.

Само што заборавивме на патиките на платформа, кои беа многу популарни во времето на експанзија на блоговите, модните експерти предвидуваат дека наскоро ќе се вратат на големата врата, што значи дека прашање на време е кога повторно ќе ги гледаме на рафтовите во продавниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zorana Jovanovic (@zorannah)

Имено, патиките со платформа неретко предизвикуваат поделени мислења, па така, додека некои ги обожаваат, други сметаат дека станува збор за еден од најлошите трендови, но тие и покрај сѐ, успешно наоѓаат место во колекциите на трендсетерките.

Станува збор за моделот Bekett кој многу брзо стана еден од најбараните во 2011 година, а се појавија и многу подостапни верзии. Овој модел навистина беше невозможно да не се забележи, а неговиот интересен и поинаков дизајн е нешто за што и денес се зборува.

Освен од брендовите за висока мода, се појавија и модели од спортските марки. Така на пример моделот Dunke на Nike и култниот Stan Smith на Adidas добија платформа и му парираа на моделот Bekett.

Овие патики често беа сметани за исклучително неатрактивни и непотребни, бидејќи поентата на патиките е да бидат удобни и практични за сите пригоди, па така овој тренд релативно брзо и излезе од мода. Меѓутоа, како што се случува вообичаено, модата е циклична, а се чини дека оваа сезона ќе се вратат и споменатите модели.

Имено, Isabel Maran има освежена варијанта на популарниот модел Bekett, чии слични варијанти ќе може да се најдат и во продавниците за висока улична мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DE RODE LOPER SCHOENEN (@derodeloper)

Дали и вие би ја збогатиле колекцијата на обувки со патики со платформа?

Класичните салонки заминуваат во заборав: Ова се обувките број 1 за пролет и лето 2022 година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.