ЖИВ ОГАН: Наташа Беквалац во дрско, безобразно издание од кое ќе се засрамите (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во Крагуевац, за време на кој уште еднаш покажа дека знае да заинтригира на сцената и дека е приврзаник на жешките, секси-изданија.

Новосадската Барбика излезе на сцената во неверојатно провокативна креација, која ретко кого остава рамнодуше и во која неодоливо потсетува на модерна сирена.

Беквалац се одлучи за модел на домашен бренд, избирајќи го провокативниот комплет во црна боја, составен од тесно, долго здолниште со доста висок шлиц и топ кој личи на градник.

Овој комплет ги истакна витата става на Наташа, тенката половина и рамниот стомак, а таа го надополни со црни сандали од превртена кожа.

Пејачката ја покажа и новата фризура – густи, прави шишки кои дефинитивно ја подмладија, а ни се допадна и нејзината заводлива, но класична шминка – ефектот на зачадени очите и усни во боја на кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.