Се врати МАМА РИРИ во модната игра: Сите очи беа вперени во неа, фустанот полн погодок!

Шоубизнис

Ријана се појави во Лос Анџелес на премиерата на филмот “Wakanda Forever”, долго очекуваното продолжение на остварувањето “Black Panter”, а оваа дама е и самата дел од оваа филмска приказна и тоа на сосема посебен начин.

Имено, всушност Рири ја напиша и отпеја песната “Lift me Up”, која ја следи филмот, а интересно е тоа што ова е нејзиниот прв синг во последните шест години. Песна, за која не се сомневаме дека ќе биде хит, судејќи по тоа филмот ќе излезе токму денеска.

Инаку, ова е и прв црвен тепих за убавицата од Барбадос од породувањето во мај оваа година, а уште еднаш докажа дека ја краси уникатен, посебен стил за кој дефинитивно треба да се има силен карактер и малку лудост.

Познатата 34 годишна пејачка за оваа пригода одбра светкав, макси фустан со потпис на дизајнерот Рик Овен за колекцијата есен/зима 2022/2023 година.

Овен е познат по специфичноста на скулптуралните креации кои ја преиспитуваат модата и нејзината функционалност, а еден поглед на Ријана со оваа креација е доволен да се уверите дека неговото модно изразување е навистина екстравагантно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rihanna Fan Account (@rihfantastic)

Оваа тоалета во необична нијанса која е микс на сива и маслинестозелена боја, сјајно ги истакнува облините на пејачката, а ја красат и светките по целата должина, со предимензионираните „обрачи“ околу колковите.

Ријана изданието го надополни со долги ракавици од кожа во беж боја, со едноставни сандали во иста нијанса и светкави обетки. Вамп ефектот допринесе и нејзината бујна коса да е раскошна, со опуштени таласи, како и совршениот мејкап – маслинестозелена, металик сенка и руменило во боја на карамела.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.