Ријана со ОВОЈ ПОТЕГ го наговести ПОЛОТ на бебето (ФОТО)

Бремената пејачка е снимена во шопинг на детска облека, а нејзиниот избор на бојата поттикна гласини за тоа дали чека девојче или момче.

Имено, се чини дека бремената Ријана го навести полот на своето неродено второ бебе додека купуваше облека во Лос Анџелес во средата.

Пејачката (35), која веќе е мајка на 11-месечниот син што го доби со A$AP Rocky (34), е видена како разгледува пастелно розов плетен комбинезон, што сугерира дека таа наскоро можеби ќе добие девојче.

Бремената пејачка изгледаше лежерно шик во црн макси-фустан, кој го искомбинира со тегет предимензионирана јакна и спортски патики.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.