Ова е причината зошто никогаш не го менува стилот и секогаш изгледа модерно: 5 омилени модни парчиња на Алекса Чанг!

Модна икона

Некои од овие класици сигурно веќе ги имате во плакарот, а Алекса ни покажува како да ги комбинираме на шик-начин

Водителката, моделка и дизајнерка Алекса Чанг повеќе од деценија е присутна на модната сцена и верна им е на класичните парчиња што ги носи во свој препознатлив стил. Тој стил, сепак, не би можеле да го опишеме како монотон или строг, туку се работи за успешна комбинација на париски шик, британски хумор, класика и рокенрол.

Алекса обожава мини-здолништа, но и женствени фустани со дезени, кои често ги комбинира со рокерски чизми до глуждови или чевли „Мери Џејн“. Врз нив префрла балонер-мантил и капут со дворедно закопчување, а под фустанот или костимот, често облекува бела кошула. Секоја комбинација ја надополнува со модни додатоци, како чанта или ѓердан, но никогаш не претерува, а за ноншалантноста со кога ги носи луксузните дизајнерски парчиња придонесува „неуредната“ фризура со бранови.

Кога ќе ги погледнеме нејзините фотографии низ годините, понекогаш тешко е да се одреди кога се направени, што е знак дека Алекса го пронашла својот стил и му останала верна, а кои 5 клучни парчиња најчесто ги носи и како ги комбинира, прочитајте во продолжение.

Мери Џејн

Совршен баланс помеѓу префинетост и сексапил, чевлите со ремчиња се одлични за секоја комбинација, без разлика дали станува збор за фустан, фармерки, мини-здолниште или капут – секогаш даваат доза на париски стил.

Бела кошула

Ова основно парче гардероба е сосема неочекувано во вечерни комбинации, но Алекса покажува како може да изгледа елегантно и заводливо со костими и кожени фустани.

Мини-здолниште

Парчето што е ултра кул изгледа уште подобро во верзијата на Алекса – таа го почитува британскиот стил и не носи хулахопки, а ги комбинира со сандали, балетанки и чизмички.

Капут со дворедно закопчување

Во беж или камел боја, капутот со дворедно закопчување што достигнува под колената оди со апсолутно секое друго парче!

Женствени фустани

Тантелата или светкавците, но и деликатните дезени на прозрачни материјали се вообичаен дрескод за формални пригоди, а Алекса знае како да ги направи малку позабавни.

Еве зошто Гита Банко е кралица на уличниот стил: Стајлинзи што веднаш ќе посакате да ги ископирате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.