Најпожелниот модел на обувки за оваа пролет: Совршени во секоја пригода, удобни и елегантни!
Број 1
Еве уште еден тренд што треба да го испочитувате
Доста ни е од зимата, а неколкуте сончеви денови дополнително ни ја разбудија желбата за пролет и фрлање на чизмите и капутите.
Додека не пристигнат топлите денови, со уживање ги разгледуваме пролетните колекции на обувки и слободно можеме да кажеме дека еден модел се издвои како најпожелниот за претстојната сезона.
Тоа се двобојните шпицести балетанки!
View this post on Instagram
Значително поелегантни од заоблениот, овој модел на рамни чевли ќе биде совршен избор како за одење на работа, така и за попладневни прошетки, бидејќи е удобен и добро одат со речиси секоја модна комбинација.
View this post on Instagram
Единствено не се пожелно само во исклучиво спортски стајлинзи, но затоа совршен додаток се за здолништа, фустани, елегантни комплети, па и фармерки.
View this post on Instagram
Дали ќе одберете класичен модел со црна-беж комбинација која потсетува на култниот модел на мокасини на Шанел или храбар животински дезен, останува на вас, во зависност од вашиот стил на облекување.
View this post on Instagram
Кој и да го одберете, едно е сигурно – со овој удобен и елегантен модел нема да погрешите!