Моќта е во боите: Во овие нијанси веднаш ќе изгледате 10 години помлади!

Модни трикови

Со вистинските стилски трикови, може да изгледате токму онака како што сакате

За да изгледате помладо и посвежо, одберете ја вистинската нијанса и резултатите ќе станат видливи веднаш. При изборот на вистинските бои, важно е да обрнете внимание и на бојата на коса.

Идеална нијанса за русокоси

На русокосите одлично им стојат сите нијанси на сина боја. Облеката во овие нијанси ја освежува кожата, ја прави помлада и понежна, а лесно се комбинира со сите останати бои.

Светло розовата боја е асоцијација за  нежност и младост, па така ќе изгледа и секоја русокоса во гардероба во оваа нијанса.

Виолетовата е моќна боја со која годините ќе исчезнат.

Кремавата боја дава доза на елеганција, а дополнителен бонус е тоа што одлично оди со сите останати.

Лимоновата жолта внесува ведрина во секоја модна комбинација.

Овие бои најдобро им стојат на бринетите

Бојата на сенф ќе ги подмлади бринетите за миг. Доколку имате потемен тен, одберете придушена нијанса на оваа боја, а во спротивно, определете се за посветла.

Во облека во светло сини нијанси, секоја жена изгледа женствено. Во корално црвена ќе изгледате моќно и помладо, а одлична е за секоја пригода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.