Неверојатен трик што ги чисти сите стакла во домот: Финта што ќе ја обожавате!

Блескаво!

Една жена открила на кој начин најлесно може да го исчистите стаклото

Секоја домаќинка знае дека не е лесно да исчистат прозорците, огледалата и вратата од рерната, бидејќи дамките постојано се лепат на стакло.

За таа цел, жените постојано користат разни хемиски средства, но некои посегнуваат и по природни состојки. Една жена открила генијален трик за чистење стакла на микробранова, рерна или огледало, кој сигурно не би ви паднал на памет.

Имено, таа во една група на Фејсбук Mrs Hinch Cleaning Tips која брои 365.000 членови, објаснила како дамките исчезнуваат веднаш.

„Потопив кесичка црн чај во врела вода и го оставив чајот да се олади. Потоа, потопив агол од хартиена салвета во ладниот чај и со тоа го пребришав стаклото на микробрановата.“

Потоа, на тој начин го исчистила и огледалото, стаклената маса и плочите за готвење.

Фактот дека овој трик навистина функционира потврдиле и многу корисници на Фејсбук кои оставиле коментари под објавата.

„Вчера пробав и навистина функционира, ладниот чај е супер! Со него ги исчистив прозорците, па дури и тостерот.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.