Моден водич за стајлинг без грешка: 5 начини како да носите сако оваа пролет!

Модна инспирација

Нема да можете да му одолеете на овој тренд

Веќе втора сезона по ред, сакоата не се симнуваат од модниот трон. Ова парче ги полуде жените ширум светот, а не му одолеаја ниту трендсетерките.

Може да се носи на безброј начини, а лесно се комбинира во сите стилови, од спортски до елегантен. Оваа пролет мора да се најде во плакарот на секоја модерна жена, а најактуелни се оние во интензивни бои.

Во носиме неколку предлози како можете да го комбинирате ова модно парче:

Класичната комбинација со панталони никогаш не излегува од мода. Овој стајлинг секогаш е сигурна варијанта за оние денови кога немате инспирација.

https://www.instagram.com/p/B9w-yejIdLi/?utm_source=ig_embed

За полежерни пригоди, сако и фармерки се полн погодок. Оваа комбинација е доказ дека сакото може многу добро да се вклопи и во спортски варијанти, а изгледа моќно и во комбинација со патики.

https://www.instagram.com/p/B9Ph1tmINg6/?utm_source=ig_embed

Здолниште, маица и сако се еднакво совршен пролетен стајлинг.

https://www.instagram.com/p/B-phV18I4Sn/?utm_source=ig_embed

Подолгите модели на сако лесно се трансформираат во фустан, во кој можете да излезете навечер. Искомбинирајте го со високи потпетици и нема да погрешите.

https://www.instagram.com/p/B_QJMuko-We/?utm_source=ig_embed

Ѕвонарките се апсолутен хит сезонава исто како и сакото, а кога ќе се спојат во еден стајлинг, добивате модна комбинација што би ја одобриле и најголемите модни експерти.

https://www.instagram.com/p/B-fO349IiAf/?utm_source=ig_embed

Тренд кој освојува на прв поглед: Фустанот што ќе ја обележи летната сезона изгледа вака!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.