Мирка Федерер издоминирала на Мет Гала: Никогаш не изгледала послабо и сега сите се прашуваат кој е нејзиниот следен потег!

Како ви се допаѓа?

Роџер и Мирка Федерер се појавиле на Мет Гала во најелегантното издание и сите ги забележале намалените килограми кај сопругата на тенисерот

Сите очи будно го следеле секој чекор на Роџер и Мирка Федерер кога стапнале на црвениот килим. Популарниот тенисер бил облечен многу свечено, во црн смокинг со пеперушка, додека покрај него блескала видно ослабената и заводлива Мирка, во нежно розов фустан што ја покривал од глава до пети.

Мирка со години се борела со вишокот килограми, бидејќи двапати родила близнаци, а бременостите оставиле трага на нејзиното тело.

Сепак, обожавателите на Роџер Федерер никако не можеле да ѝ го простат тоа што не се грижела за својот изглед, барем според нив, кога неколку месеци по породувањето се појавила на плажа во костим за капење.

Но кога Роџер заминал во пензија, изгледа дека и Мирка одлучила да се посвети на себе, па сега е видно послаба и позаводлива. Позирајќи на црвениот килим на Мет Гала, таа ја покажала витата става.

Да се потсетиме, двојката речиси две децении е во врска и брак, а имаат и четири пораснати деца кои неодоливо потсетуваат токму на Мирка.

Со години се шушка дека Мирка го има главниот збор во семејството Федерер, а тоа го потврдиле и зборовите на Роџер:

„Таа беше мојата најголема поддршка. Со неверојатна леснотија се повлече од тенисот и се пензионира, без да посака некогаш да му се врати. Ми објасни дека попрво би ми помогнала мене да изградам извонредна карира отколку и двајцата да имаме кариера, да не се гледаме и да бидеме несреќни, да ризикуваме да раскинеме, затоа што не би се гледале доволно“, открил тенисерот своевремено.

И Мирка открила во интервјуата колку го поддржува сопругот:

„Тоа е причината зошто толку совршено се согласуваме. Ниту една друга жена не би можела да се справи со толку тенис. Ако тој сака да спие подолго, сигурно нема да го будам рано наутро. Таква кариера се случува еднаш во животот. Моето време допрва треба да дојде, по тенисот. Разговаравме за тоа“, додала таа.

Сега кога Роџер е во пензија, двојката неколку пати била видена како се состанува со модни магови. Дали тоа значи дека Мирка ќе започне кариера во модната индустрија и дека нејзиното време навистина допрва доаѓа?

Сопругата на Роџер Федерер, Мирка, има бурно минато зад себе: Со години се обидувала да го скрие ОВА од јавноста!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.