Кралицата Летиција во најпопуларната боја годинава: Оваа нијанса прави секое парче да изгледа како милион долари!

Сива доминација

Како почесна претседателка на Шпанското здружение против рак и неговата Научна фондација, 48-годишната кралица Летиција овој четврток присуствувала на свечен настан по повод Светскиот ден на борбата против ракот

Покрај со своите беспрекорни модни изданија за време на кралските ангажмани, Летиција од Шпанија последниве недели ја воодушевила јавноста со својот природен изглед во знакот на сребрената коса.

И овој пат докажала дека ги следи актуелните модни трендови на денот на борбата против ракот, појавувајќи се во издание во кое доминирала сивата боја.

Кон крајот на минатата година, познатиот институт за боја Pantone традиционално открил која боја ќе ги обележи месеците што ни претстојат, а овој пат многумина ги изненадила со дури две впечатливи бои кои заедно изгледаат фантастично.

Станува збор за комбинација на две нијанси на сива и жолта, таканаречените Ultimate Gray и Illuminating Yellow кои, според Pantone, во наредните месеци ќе го имаат главниот збор и ќе влијаат врз бројни трендови во светот на модата и дизајнот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PANTONE (@pantone)

Умерената сива боја, 48-годишната кралица ја истакнала во елегантно издание во знакот на волнен капут од модната дизајнерка Каролина Херера во комбинација со панталони инспирирани од машкиот стил.

Една од најдобро облечените кралици во светат својата популарност ја стекнала и поради изданијата во кои вешто ги комбинира скапоцените дизајнерски парчиња со оние поевтините.

Доминацијата на сивата боја, оваа поранешна новинарка ја ублажила со додавање елегантна бела блуза, со детаљ линии на околувратникот со потпис на брендот Hugo Boss, додека за момент се откажала од удобните чевли на сметка на носењето класични црни салонки.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица?

Совршена боја и провокативен крој: Кралицата Летиција во фустан што се закопчува само со едно копче
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.