Кејт Мидлтон сепак е дефиниција за отменост, иако велат дека со „теткинскиот стил“ на сите почнува да им боде очи (ФОТО)

Монохроматски стајлинг на војвотката од Кембриџ

Што мислите вие: здодевно издание или олицетворение на елеганција?

Кејт Мидлтон и принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета Втора, неодамна ги посетија здравствените организации за трудници и мајки во Лондон, а ова беше прва заедничка кралска соработка на овие две дами.

Војвотката, како и секогаш, зрачеше во елегантна, умерена комбинација. Таа избра фустан со потпис на брендот Self-Portrait, кој чини околу 500 долари, во прекрасна нијанса на слонова коска, со миди-должина, која е најчестиот тип на здолништа и фустани што ги избира Кејт.

Горниот дел од тоалетата е во форма на јакна со ремен околу половината, а особено убав детаѝ е везот на ова парче облека.


Убавата Британка се одлучи за монохроматски аутфит, па го надополни со додатоци во бојата на фустанот – салонки Џанвито Роси од превртена кожа и писмо-чанта.

Многумина тврдат дека Кејт негува премногу здодевен и класичен стил и дека нејзините модни комбинации имаат теткински стил, но со оглед на фактот што нејзиното облекување е строго дефинирано со протоколи, ни се чини дека таа одлично се снаоѓа и секогаш изгледа добро. 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.