Јелена Ѓоковиќ се појави во најдоброто издание досега: Елегантно и тренди, сите погледи беа вперени во неа!

Мода

Јелена и Новак Ѓоковиќ го посетија Саемот на образование и штандот на Министерстовото за образование, наука и технолошки развој, а нивното појавување ги воодушеви присутните на оваа манифестација.

Парот беше многу расположен и подготвен за дружење и разговор, па не можеше, а да не се забележи фантастичното модно издание на госпоѓата Ѓоковиќ.

за стилот на Јелена често се зборува – додека дел од јавноста смета дека таа е брилијантно стилизирана, секогаш добро и ненаметливо, некои тврдат дека ѝ недостига иновативност и креативност во стилот.

Какво и да е вашето мислење, оваа белграѓанка се појави во совршена облека, едноставна, елегантна и софистицирана. Изгледа дека Јелена му е верна на деловниот стил во важните пригоди, па така беше и овој пат – и навистина не погреши.

Таа одбрала сиво здолниште со тесен крој и миди-должина, кое е украсено со копчиња во два реда со сребрена боја, а го комплетирала со едноставна, светлосина кошула.

Изданието Јелена го збогати со интересен, скап накит – рачен часовник со црно кожено ременче, низа алки, синџирче и обетки со светкави цветови.

Сепак, најмногу ни се допаднаа нејзините чевли – сандали во боја на кожа, со отворена и помала потпетица, многу префинети и лесни за комбинирање, кои визуелно ја издолжуваат ногата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.