Еве зошто секоја жена во поранешна Југославија носела комбинезон: Не можеле без него!

Вака било тогаш

Сетете се на вашата мајка и нејзиниот начин на облекување – сигурно во својот плакар имала барем 4 различни комбинезони

Долната облака во форма на комбинезон е нешто што секоја жена во Југославија го имала во плакарот и со задоволство го носела.

Тоа е она парче свилена ткаенина со тантела што жените го облекувале врз градник и гаќички, под фустан или здолниште во комбинација со кошула.

Еве неколку причини зошто жените носеле комбинезон…

Мода

Во далечните 1960 и 1970-тите години, комбинезонот бил свилен, со тантела и прекрасен. Жените сакале да го имаат во разни бои и модели. Бил толку убаво направен, што одлично ѝ прилегал на кожата, а тоа што одело одозгора, не било толку важно.

Естетика

Комбинезонот немал само хигиенска функција, туку и естетска. Кога жената ќе облече комбинезон, не треба да се грижи дали фустанот или кошулата ѝ се проѕирни и дали ѝ се гледаат масните наслаги од страните. Доволно било да облече комбинезон и решен проблем.

Практичност

Честопати, здолништата и фустаните се направени од синтетички материјали, па комбинезонот ги спречувал да се залепат за нозете. Освен тоа, тие години фустаните и здолништата не се переле секој ден поради недостигот од машина за алишта, па полесно било да се испере комбинезонот отколку целата модна комбинација.

Стајлинг на годината: Ел Фенинг облече ѓердан наместо градник (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.