Ако ништо не ви оди од рака наредниов период, ова е причината: Вечерва се појавува полна месечина и со себе носи ХАОС!

Нè очекува турбулентен период

Полната месечина што ќе се појави вечерва, ќе донесе бројни тешкотии и ќе замрси многу конци. Еве од што треба особено да се чувате!

Ако забележите дека ништо не ви оди од рака наредниов период, постои причина за тоа и не сте единствени!

Овој ноември, поточно на 19.11.2021, нè очекува полна месечина во Бик на 27-иот степен на комуникацијата, менталната сила и искреноста… Кога се појавува полна месечина, емоциите секогаш се нагласени и оваа енергија со сигурност ќе нè мотивира да бидеме искрени во комуникацијата со самите себе, но и со другите, и конечно да кажеме сè што мислиме и чувствуваме за да се ослободиме од товарот што го носиме во себе.

Бидете подготвени на тешки ситуација, но исто така, бидете подготвени сега јасно да согледате што ве боли и од каде потекнува тој гнев. Оваа лунарна еклипса ќе биде навистина силна и веројатно, многумина ќе бидат благодарни што е таква, бидејќи уште повеќе ќе нè поттикне да работиме на сите делови од нашата душа, и тоа на оние места што најмногу нè печат.

Изминативе неколку дена, многумина ќе се чувствуваат лошо, а кај сите ќе завладее пад на енергијата. Ќе доминираат безволноста, депресијата, анксиозноста. Обврски колку сакаш, без никаква волја да се придвижиш од место.

Аспектот на опозицијата Марс-Уран, кој трае, а кој ќе биде присутен и на самиот ден на полната месечина, е многу тежок аспект, што глобално, но и колективно, прави проблеми, носи караници, нервоза, разни кварови, повреди. Аспект што е подготвен на ризик во секоја смисла.

Уран сето тоа го носи неочекувано и ненадејно, па затоа возможни се и некои негативни ненадејни ситуации на глобално ниво. Овој аспект со сигурност ќе донесе проблеми со платниот промет, со финансиите, со сообраќајот, со електричната енергија. Ова е важно да го знаете не за да се исплашите, туку за да се заштитите.

Па затоа, астролозите советуваат да се чувате додека овој аспект е присутен на небото. Смирете се, одбегнувајте метеж, посветете се на себе. Генерално, чувајте ја енергијата и насочете ги емоциите на работите што ви годат.

Хороскопски знаци што ќе имаат среќа на љубовен и на деловен план последните два месеци од годинава
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе