Дизајнерката секој ден изгледа сè помладо: На 73 години личи на тинејџерка, а се шушка дека го открила ИЗВОРОТ НА МЛАДОСТА

Како ви се допаѓа?

Модната дизајнерка Вера Ванг ги воодушевила присутните со својот неверојатно младешки изглед кога се појавила во Њујорк на доделувањето награди од здружението на американски дизајнери CFDA Fashion

Модната дизајнерка Вера Ванг (73) вчера се појавила на доделувањето награди од здружението на американски дизајнери CFDA Fashion и ги шокирала сите присутни.

Облечена во црно кратко фустанче, со голи раменици и во чевли на високи платформи, Вера изгледала како тинејџерка.

Уште еднаш се поставило прашањето: Како е возможно да изгледа толку младолико во осмата деценија?

За прославата на нејзиниот 73-ти роденден, луѓето шокирано гледаа во дизајнерката облечена во бебешко розова боја, чудејќи се на нејзиниот одличен физички изглед. Вера неколку пати има кажано дека генетиката ѝ пресудила во нејзина корист, но и годините поминати во вежбање уметничко лизгање, благодарение на што е толку вита.

Во една пригода, на прашањето како ѝ успева да изгледа така на тие години, таа одговорила:

„Работа, сон, коктел со вотка и одбегнување сонце.“

Вера не крие дека деновите ги поминува на лента за трчање и дека јаде многу малку.

На доделувањето награди Вера се појавила со Ванеса Хаџенс, за која дизајнира облека години наназад за речиси сите нејзини јавни настапи.

Како ви се допаѓа изгледот на Вера Ванг?

Возможно ли е тоа што Вера Ванг (73) не старее повеќе? Луѓето се убедени дека има 30 години, а таа тврди дека сè е до храната
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.