Адријана Лима видно послаба во бело од глава до пети: „Породувањето ме уништи, секој ден е нова борба – страшно се мачам“

Прекрасна!

Адријана Лима се појавила во Њујорк промовирајќи го новиот парфем на Victoria’s Secret

Адријана Лима (41) изгледала неверојатно во Њујорк, облечена во бело од глава до пети додека го промовирала новиот парфем на брендот Victoria’s Secret.

Сите присутни забележале дека Адријана Лима е видно послаба во споредба со претходните месеци и дека се потрудила да ги симне вишокот килограми што ги качила во бременоста.

Белиот костим совршено ги истакнал нејзините долги нозе, додека под сакото носела црно тесно боди, што го нагласило нејзиното бујно деколте.

Совршено нашминкана и со феноменална фризура, Адријана изгледала како еден од ангелите на Victoria’s Secret.

„Ми се исполни желбата, сонот повторно да бидам еден од ангелите ми се оствари. Се вратив. Кога би имала последна желба во животот, тоа би било повторно да бидам еден од ангелите.“

Иако со месеци е изложена на критики од јавноста поради тоа што не успеала да ги симне килограмите, Адријана покажала дека тоа не ја допира премногу:

„Породувањето ме ‘уништи’. Секој ден е нова борба и секој ден морам да се потсетувам себеси дека треба да го прифатам своето ново тело, но и да направам сè за да го доведам својот изглед во ред. Чувствувам дека сум во транзиција и затоа секој ден напорно вежбам и се мачам, но секој ден учам нови работи за себе и за своето тело во 40-тите. И тоа е во ред, бидејќи телото во различна доба различно реагира на истите дразби“.

Со месеци ја критикуваат поради операциите и вишокот килограми: Го покажала лицето без шминка и сите се зачудиле!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.