Месечен хороскоп за јануари 2020 година: Детален патоказ за сите знаци во зодијакот!

Астро-прогноза

Влезете растоварени во Новата година

 Стрелец

Работа: Сега е вистинското време да ја спроведете во дело идејата што долго време ви стои на ум. Никогаш не е доцна, иако така ви се чини на прв поглед. Сетете се само колку луѓе постигнале успех дури во 60-тите или 70-тите години од животот. Тие не мислеле дека им е доцна или дека бадијала губат време. Верувале во себе и ги следеле своите идеи и инстинкти. Истото можете да го направите и вие и сега е вистинското време за тоа. Само издржете и верувајте во себе и во вашите дела.

Љубов: Вистинската љубов никогаш не била поблиску за сите слободни Стрелци. Дозволете да ви се случи љубов и овој месец можете да ја запознаете љубовта на вашиот живот со која подоцна можеби ќе започнете заеднички живот. Немојте да имате предрасуди и може да се случат чуда за сите оние што се слободни. За оние кои веќе се во сериозна врска или брак, се’ би требало да биде мирно, без многу турбуленции. Само чувајте се од караници кон крајот на месецот.

Здравје: Иако во последно време забележувате појава на поголем стрес и грижи, не сакате да го споделите тоа со блиските луѓе. Тоа е голема грешка. Насобраниот стрес и грижи што нема да се споделат со некого, со текот на времето може да доведат до болести и уште поголеми проблеми. Најдобро е тоа што ви лежи на душа, што ве притиска и мачи, да го споделите со личноста во која имате најголема доверба. Така ќе си ја олесните душата и ќе направите добро дело за општата состојба на вашиот организам и здравје.

Јарец

Работа: За повеќето Јарци, јануари е период кога старите работни проблеми ќе ги остават зад себе и ќе почнат да градат нови визии и бизнис идеи за во иднина. Некои од вас можеби ќе добијат поконкретна понуда за работа во странство. Добро размислете за таквата прилика, бидејќи можеби нема да се укаже повторно. Се’ што сте правеле досега можеби не ве исполнувало доволно, па ви треба некаква промена.

Љубов: На љубовен план можни се се’ поголеми турбуленции како што ќе минува месецот. За оние што се во брак можни се помали недоразбирања и караници. Не дозволувајте тоа да ве вознемири, секогаш имајте на ум кои се вашите вистински вредности и зошто воопшто сте стапиле во брак со вашиот партнер. Присетете се на неговите најголеми квалитети, немојте постојано да размислувате за неговите мани. Вашиот партнер сака да ја види најдобрата верзија од вас, па затоа обидете се да бидете најдобри што можете, а потоа и вашиот партнер ќе може да ве следи по истиот пат.

Здравје: Иако во 2019 година имавте здравствени проблеми, сега ситуацијата би можела полека да се подобрува. Не очекувајте драстични позитивни промени, бидејќи тие ќе бидат возможни дури напролет, но сепак во јануари ќе почнете да се чувствувате многу подобро за разлика од поголемиот дел од минатата година.

Водолија

Работа: За повеќето Водолии, ова би можело да биде месецот кога конечно ќе го тргнете фокусот од работата и повеќе ќе се посветите на себе и на вашето семејство. Тие ќе знаат да го ценат тоа. На почетокот ќе се грижите околу работата, но со текот на времето ќе сфатите дека пренапорната работа не би донела ништо особено добро, освен малку повеќе пари кои секако ќе ги потрошите до следната плата. Посветете малку повеќе време на себе и нема да се покаете.

Љубов: Се’ се одвива според стариот план и така би требало да биде до крајот на јануари. Не очекувајте некои поголеми промени, освен во ретки случаи. Слободните Водолии најверојатно ќе мораат уште малку да почекаат за да ја запознаат љубовта на својот живот, додека зафатените ќе уживаат со својот партнер во убавите новогодишни празници.

Здравје: Што се однесува до здравјето, можни се помали настинки кон средина на месецот, но тоа лесно ќе го надминете ако внимавајте малку што јадете и пиете. Заменете ги газираните пијалаци и алкохолот со чаеви и веќе ќе направите голем чекор кон подобро здравје.

Риби

Работа: Иако сте склони кон тоа само да се провлекувате во текот на зимата, па дури напролет да тргнете во посилни деловни подвизи, сега ситуацијата е таква што можеби не мора да чекате до пролет за да реализирате некои бизнис идеи. Имајте храброст да тргнете кон нешто подобро.

Љубов: Овој месец се’ ќе зависи од тоа што сакате во љубовта. Ако сакате нов добар партнер, можно е да го остварите тоа уште во втората половина на јануари. Исто така, ако сакате да го подобрите односот со вашиот веќе постоечки партнер, и тоа ќе можете да го остварите. Затоа, добро размислете што сакате, бидејќи овој месец речиси се’ може да ви се оствари.

Здравје: Што се однесува до здравјето, тоа би требало да биде без поголеми промени. Здравствените проблеми што ве мачеа во 2019, главно се’ уште ќе бидат присутни со тоа што би требало да имаат помал интензитет. Би требало да се изборите со нив до пролетта.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.