Месечен хороскоп за јануари 2020 година: Детален патоказ за сите знаци во зодијакот!

Астро-прогноза

Влезете растоварени во Новата година

Лав

Работа: Кариерата ви напредуваше последните месеци, но по празниците очекувајте дека ќе треба да работите малку повеќе од вообичаено. Во текот на празничните неработни денови ќе ви се насоберат многу работи кои потоа ќе мора да ги одработите во втората половина од јануари. Сепак, тоа не треба да ве загрижува, бидејќи вие секако ќе го постигнете сето тоа и ќе го завршите на време како и секогаш. Така што, без грижи и опуштете се.

Љубов: Овој јануари ќе ви биде многу поактивен и пожив од декември. Додека во декември се подготвувавте за Нова година и празниците, па немавте време за љубов, јануари е вистинскиот момент за тоа. Сите слободни Лавови ќе имаат одлична можност уште во првите денови на јануари да запознаат нова личност со која можеби ќе зпаочнат многу убава врска која подоцна можно е да кулминира со брак.

Здравје: Здравствената состојба би требало во голема мера да се поправи во текот на овој месец, па некои проблеми што ги влечете од 2019 година би можеле полека да исчезнат. За да се случи тоа, многу е важно да го задржите позитивниот дух и да не дозволите црнилото на денешницата да ве обземе и да станете лути на се’ и секого. Секој има свој пат и сите  што ги сметате за лоши, такви се затоа што имаат ниска свест. Затоа обидете се да имате разбирање за се’ и не дозволувајте тоа да влијае лошо врз вашата психа и здравје.

Девица

Работа: Иако сте познати по тоа дека на работа повеќе се трудите да им угодите на другите одошто себеси, овој јануари конечно би можело тоа малку да се промени, па помислете и на себе и конечно ставете се себеси на прво место, барем накратко. Обидете се овој месец малку повеќе да одморите, да соберете позитивна енергија и потоа кон крајот на јануари и почетокот на февруари да тргнете во нови работи победи, без многу стрес и нервози.

Љубов: На љубовен план нема некои поголеми промени за сите зафате ни родени во овој хороскопски знак. За слободните Девици можни се нови љубови, но дури кон крајот на овој месец. Во првата половина на јануари одвојте доволно време за своите сакани членови на семејството, а вистинскиот партнер ќе ви се појави кога најмалку ќе се надевате, но истовремено и кога ќе бидете најподготвени за тоа.

Здравје: Иако во 2019 година имавте многу здравствени проблеми, ситуацијата од Нова година би требало постепено да се поправа, па некои од здравствените проблеми би требало да исчезнат. Најважно е да ги одржите здравиот разум и позитивната психа, особено во денешно време кога притисокот и стресот се присутни насекаде околу нас.

ID:80005886

Терезија

Работа: Јануари е месецот кога повеќето Терезии буквално ќе се вратат во игра. Крајот на годината можеби не беше најсреќен за вас, но затоа почетокот на 2020. и тоа како може да биде. Треба само да поставите приоритети и да вложите малку труд. Тоа повеќекратно ќе ви се исплати уште кон крајот на овој месец. Затоа, фатете се за работа, засукајте ги ракавите и резултатите ќе пристигнат порано или подоцна. Бидете трпеливи и верувајте во процесот.

Љубов: Вашиот проблем е што многу се грижите за другите. Иако тоа произлегува од љубовта и сочувствувањето со нив, не дозволувајте тоа толку да влијае врз вас и да ви ги нарушува мирот и среќата. Обидете се да подигнете вашите вибрации, па дури потоа видете кому можете да му помогнете. Со ниски вибрации нема да можете да им помогнете на многумина, бидејќи така само ќе се вртите во круг и ќе останете во истата состојба.

Здравје: Не дозволувајте празничната еуфорија да ги наруши вашите планови и тоа што досега сте го постигнале. Убаво почнавте да работите на себе, почнавте да воведувате здрави навики и начин на исхрана, да внимавате на вашето здравје. Само така продолжете. Можете да си дадете оддишка неколку дена околу празниците, но потоа вратете се на добриот пат кон здравјето и духовноста.

Скорпија

Работа: Јануари е одличен месец за преземање нови работни подвизи. Не плашете се од промени. Доколку не сте задоволни со сегашната состојба или сметате дека заслужувате повеќе, соберете храброст за да преземете иницијатива и пробајте нешто подобро. За почеток, тоа не мора да биде со полно работно време, туку во слободното време работете на развивање нови бизнис-идеи. Со текот на времето ќе видите дали тоа има перспектива и како се развива. Не дозволувајте неуките мислења на луѓето околу вас да ве поколебаат. Најважно е што мислите вие за тоа и дали имате верба во тоа што го правите. Ако одговорот е да, само напред без многу колебање.

Љубов: Овој месец обидете се да бидете практични. Како да сте заборавиле малку како изгледа да се биде романтичен и вљубен. Обидете се повторно да ја разбудите таа ваша страна во себе. Вашиот партнер ќе ви биде неизмерно благодарен. Исто така, посветете му доволно време на вашето семејство. Сите тие се тука за да ве научат нешто, а пред се’ да сакате и да имате максимално разбирање.

Здравје: Состојбата на здравјето минатиот месец малку се поправи за повеќето Скорпии. Така би требало и да остане овој месец. Обидете се да го дадете својот максимум. Не можете да јадете секаква нездрава храна и да гледате глупости на телевизија и да очекувате дека ќе бидете здрави. Поработете на своите навики и тие штетни навики заменете ги со поздрави. Исто така, повеќе движете се и бидете поактивни. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Продолжете на третата страница, за последните четири хороскопски знаци…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.